mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Комуналните инспектори се жалат дека им е искомплицирана работата

Комуналните инспектори се жалат дека им е искомплицирана работата

Типографија

Измените во Законот за општа управна постапка и законот за прекршоци, наместо да ја олеснат работата на комуналните инспектори, дополнително ја комплицираат.

Инспекторите се претворија во административни службеници на судовите, се пожалија општинските комуналци кои заседаваа во Виница во рамките на Здружението на комунални инспектори на Македонија.

Сите беа едногласни во апелот за допрецизирање на овие закони, побараа точно да се одредат границите на надлежностите, за инспекторите и за судовите.

Според Љубе Стојков, виш инспектор на град Скопје, во Законот за управна постапка треба да се допрецизира начинот на завршување на постапката, за што е неопходно донесување правилник од страна на Министерството за информатичко општество .

Претседателот на Здружението Гоце Георгиев ги сподели и своите искуства од неодамнешното студиско патување во Америка, во однос на управувањето и селекцијата на отпадот.

Максимална подршка во работата на комуналните инспектори дадоа првиот комуналец во Виница Игор Спасовски и градоначалникот Емил Дончев.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS