mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Штипски Исар одржува 60 oтсто од селските водоводи

Штипски Исар одржува 60 oтсто од селските водоводи

Типографија

Штипското комунално претпријатие „Исар“ досега има преземено околу 60 отсто од вововодите во селата. Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев побара како јавно претпријатите да го преземат одржувањето на водоводот во село Криви Дол.

  • Во моментов работиме и на воводот во село Врсаково за кое купивме околу 2.700 метри црево кое ќе го поврземе со новата каптажа. Заедно работиме со жителите. Тие го ископаа ровот, ние ќе им приклучиме водомери, а ќе ја хлорираме и водата. Сега советот донесе и одлука за набавка на црево за водоводот во село Криви Дол, со што и на ова село водата ќе им биде контролирана од нас - вели Бојаџиев.

Со поставувањето водомери во руралните средини се утврдува и дали некое домаќинство троши вода во големи колични. Бојаџиев забележа дека жителите кои сами ги одржуваат селските водоводи се во многу лоша состојба.

  • Ние селските водоводи ги затекнуваме во многу лоша кондиција, а по преземањето со наши интервенции, некаде повеќе, некаде помалку ги доведуваме во состојба да можат да бидат функционални. Поставуваме хлораторни апарати, кои ја хлорираат водата, а со самото тоа граѓаните добиваат чиста вода за пиење и избегнуваат разни болести кои ги имаше претходно, кога не им беше хлорирана водата - посочува Бојаџиев.

Тој најави дека наскоро се очекува населбите Балканска и Македонка и селото Чардаклија да бидат приклучени на штипската Филтер станица, со што граѓаните ќе добијат питка вода за пиење.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS