mksqen

Југоисточниот плански регион крои план за управување со отпад

Југоисточниот плански регион крои план за управување со отпад

Типографија

Југоисточниот плански регион крои план за управување со отпад.

Во Струмица се одржа работилница и јавна расправа по Нацрт-регионалниот план за управување со отпад и Нацрт-стратешката оценка на животната средина што се во рамки на проектот „Изработка на Регионален план со десет општински планови за интегрирано управување со отпад во Југоисточниот плански регион“ финансирани од Програмата за рамномерен регионален развој.

Носител на активностите за реализација на проектот е Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, партнери се десетте општини од регионот, Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица, а изготвувач на Планот и Стратешката оценка е компанијата Градежен институт Македонија од Скопје.

  • Согласно важечките законски решенија за управување на отпад како регион сме должни да донесеме Регионален план за управување со отпад за период од десет години, во кого ќе бидат опфатени сите видови на отпад, опслужувањето со услуга, начинот и честотата на собирање, транспортирање и одлагање на отпадот. Со ефективни трошоци за спроведување на управувањето со отпад и оптимални надоместоци за наплата на услугата од создавачот на отпад. Во исто време Регионалниот план за управување со отпад треба да даде и предлог за решавање со малите диви депони, кои ги има многу - велат од Центарот.

Со Регионалниот план има потреба да се изработат и десет петогодишни општински планови кои ќе се во согласност со Регионалниот план и во определен рок да дадат позитивен ефект во заштитата на животната средина и зголемувањето на бројот опслужени граѓани или домаќинства, претпријатија и исчистени мали депонии кои даваат лоша слика за регионот.

Изработените планови (Регионалниот и општинските) ќе се усвојат од страна на општинските Совети, по претходна согласност од државниот орган надлежен за управувањето со отпад. Исто така ќе се изработи петогодишна Програма за спроведување на Регионалниот план за управување со отпад и едногодишни општински програми за управување со отпад.

Во рамките на проектот ќе се изработи и Стратешката оценка на животната средина за Регионалниот План.

Двата документа се објавени на веб страната на Центарот на следниот линк:  http://rdc.mk/southeastregion/index.php/mk/2013-10-18-19-32-16/za-prevzemanje   и се до 15 овој месец сите заинтересирани страни можат да дадат свое мислење по нив.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија