Граѓанската иницијатива Охрид СОС објави фотографии од опожарена трска во областа Грашница покрај Охридско Езеро.
Членовите на оваа иницијатива се сомневаат дека пожарот бил намерно подметнат, бидејќи на местото се градела пешачка патека и се тампонирал пределот. На локацијата имало други грмушки и се претпоставува дека сторителите сакале нив да ги изгорат, но огнот зафатил и дел од трската.
- За еколошката функција на трската сме пишувале повеќепати. Воедно, жители на таа област не информираат дека повеќе пати и мрежи се расфрлале таму за лов на крап, но се плашеле да пријават за да не се доведат во опасност - пишуваат од иницијативата.
Тие посочуваат дека ако не се направи обид да се најде сторителот што ја опожарил трската, ќе ги сметаат институциите за поддржувачи на, како што велат, противзаконското и нечовечко дејствување.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS