mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Денеска искачување на врвот Мовнатец на Даутица

Денеска искачување на врвот Мовнатец на Даутица

Типографија

Планинарското друштво Трансверзалец денеска го искачува врвот Мовнатец на планината Даутица, во рамките на нивниот предизвик „12 врвови“.

Мовнатец е шести врв во серијата и е висок 1.571 метар. Се наоѓа над селото Маргари, а во негова близина е манастирот „Свето Преображение“ над селото Зрзе, како и пештерата Змејовица.

  • Интересен и несекојдневен предел, недоволно истражен,  вистински предизвик за сите планинари - порачуваат од друштвото.

Легендата за пределот на  Мовнатец и Кротеница вели дека Крале Марко тука минувал со коњот. Кога ќе поминел на Мовнатец, коњот му се намовнатувал (се наежувал), а на Кротеница, пак, се скротувал.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS