mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Нивото на Охридско Езеро четири сантиметри над дозволениот минимум

Нивото на Охридско Езеро четири сантиметри над дозволениот минимум

Типографија

Нивото на Охридското Езеро е четири сантиметри над дозволениот минимум, додека Дојранското има уште 24 сантиметри до максималниот водостој, соопшти УХМР.

Како што покажува неделната хидролошка состојба, нивото на реката Црн Дрим кај Ложани е далеку под просекот за февруари. Се движи меѓу 19 и 27 сантиметри за разлика од февруарскиот просек кој изнесува 123 сантиметри.

Потпросечни се и нивоата на Пчиња кај Катлановска Бања, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Штип, Струмица кај Сушево и Црна Река кај Новаци.

Реката Вардар, пак, кај Јегуновце бележи водостој нешто над февруарскиот просек.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS