mksqen

Се гради пречистителна станица кај село Кучичино

Се гради пречистителна станица кај село Кучичино

Типографија

Општина Чешиново Облешево ги почна градежните работи за изградбата на пречистителна станица во населеното место Кучичино.

Станува збор за мала пречистителна станица за отпадни води која ќе ги преработува водите од неколку населени места во овој дел на општината и истите пречистени ќе ги исфрла во река Брегалница.

  • Проектот го добивме во рамките на вториот повик за инфраструктурни прокети по сливот на река Брегалница, финансиран од Швајцарската амбасада преку проектот за управување со речниот слив на Брегалница. Вкупната вредност за изградбата на оваа пречистителна станица изнесува 23 милиони денари, а средствата се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка SDC - информира Костадин Личков, градоначалник на општина Чешиново Облешево.

Изградбата на пречистителната станица, според Личков, ќе придонесе за намалување на еколошката загаденост како и за биолошкиот свет на река Брегалница, а ќе придонесе и за чиста животна средина во овие населени места.

Пречистителната станица се гради во месноста викана Долна Лака во катастарската општина Кучичино, а изведувач на работите е „ЕкоИна“ од Хрватска, додека подизведувач е компанијата„Алфа инженеринг“ од Радовиш.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија