mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Презентиран план за решавање на проблемот со загадувањето во Куманово

Презентиран план за решавање на проблемот со загадувањето во Куманово

Типографија

Општина Куманово најде мерки за надминување на проблемот со загадувањето на воздухот. Меѓу мерките кои ги предложи Работната група формирана на барање на локалниот кризен штаб се при изработка на планска документација да се предвиди процентот на озеленување, службите да изработат процедури за издавање одобренија за сечење на дрвја и задолжително обновување на дрвјата.

Во прв рок, додаде треба да се изврши проценка на површини кои ќе бидат озеленети. Меѓу мерките е и предлогот за воведување пешачки зони во градот.

Планот предвидува и подготовка на катастар на загадувачи. Формирање оџачарска служба, редовно миење на улиците, препораки до комуналните инспектори да вршат засилени контроли, но и да се измери проток на автомобили кои поминуваат на најфрекфентните улици во градот. Советот на општината да донесе одлука за бесплатен автобуски превоз, кога се надминува прагот на алармирање. Меѓу предвидените мерки е и ревизија на еднонасочниот сообраќај, утврдување критични точки и можност за воведување прешачки зони, субвенционирање на домаќинставата за греење на пелети и гас, за набавка на сончеви колектори, ПВЦ, прозорци, намалување на комунални такси за инвеститори кои користат мерки за енергетска ефикансост, субвенција за набавка на велосипеди.

Работната група предлага и неколкукратни мерења и распишување тендер за избор на акредитирана фирма за мерење на загадувањето, но и репресивни мерки од страна на овластените инспектори за животна средина, СВР Куманово, комуналното претпријатие за несовесните граѓани кои палат гуми.

Ќе се изврши и анкета меѓу граѓаните, преку невладините организации за размислувањата на граѓаните на оваа тема, почести предавања во училиштата за влијанието на загадувањето и здравјето на луѓето, наградни конкурси за најуредена зелена површина пред станбена единица или двор.

  • Сметаме дека овие мерки се реални и остварливи, но не постои само една која може да го реши, туку сет мерки кои во наредните години треба да дадат резултати. Сите се добредојдени да дадат свој предлози и идеи со кои ќе реши овој проблем - претседателот на Работната група Бобан Бојковски.

Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски потенцираше дека бројот на возилата во Куманово е приближно 40 илјади, бидејќи градот е административен центар за општините од североистокот. Тој потенцираше дека станува збор за системски проблем кој треба да се надмине не само со мерки од општината, туку и предлог закони од централната власт.

Планот на Работната група е првичен и сега е на прва јавна расправа на која се очекува поединци, преставници на невладини организации, експерти да предложат свои идеи за намалување на загадувањето на Куманово кои потоа детално ќе се разгледаат и ќе се инкорпорираат.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS