Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во последниот квартал од минатата година, во однос на четвртиот квартал 2015 година, е намалено за 31,7 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Зголемување на шумското производство е забележано кај рудничко дрво од иглолисни и листопадни видови, просторно дрво од иглолисни видови и кај друго обло дрво од листопадни видови.
Намалување, пак, на шумското производство има кај трупците од иглолисни и листопадни видови, друго обло дрво од иглолисни видови, просторно дрво од листопадни видови, огревно дрво од иглолисни и листопадни видови и кај друго грубо обработено дрво, цепаници, дрвени мотки, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.