mksqen

Награди за најредовните плаќачи на вода во Македонска Каменица

Награди за најредовните плаќачи на вода во Македонска Каменица

Типографија

Јавното претпријатие „Камена Река“ од Македонска Каменица ги додели наградите од наградната игра за корисниците на услугите кои редовно ја плаќаат комуналната такса.

Техничкиот директор на ЈП „Камена Река“ Влатко Димитровски информира дека во наградната игра учествувале сите оние корисници кои ја имаат подмирено комуналната такса заклучно со декември 2016 година и тоа најдоцна до 31 јануари 2017 година.

  • Фондот на награди годинава изнесуваше околу 700 евра. Првата награда е телевизор, втората шестмесечна претплата, а третата е водомер. Оваа наградна игра има симболичен карактер и претставува еден вид мотивација за корисниците на нашите услуги редовно да ги плаќаат сметките - рече Димитровски.

Тој додаде дека пред секоја наградна игра редовноста на плаќањето на сметките за комунални услуги се зголемува за неколку проценти.

  • До декември наплатата беше околу 90 отсто, а очекуваме да достигне до 95 отсто. Ова го покажува искуството од претходните години. Првата награда, телевизор, ја доби Гроздан Димитровски, втората Горан Митевски, а третата Малиш Петров - рече Димитровски.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија