mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Новото јаловиште во рудникот Саса ќе се гради по сите стандарди

Новото јаловиште во рудникот Саса ќе се гради по сите стандарди

Типографија

Новото јаловиште на рудникот за олово и цинк „Саса“ ќе се гради по сите стандарди и ќе биде безбедно како за жителите од Македонска Каменица, така и за регионот.

Ова го истакна Максим Прохоров, директор за инвестиции во рудникот, кој објаснувајќи ги мерките предвидени во Студијата за оцена на влијанието врз животната средина, потенцираше дека изминатиот период од две години се користени низа технички документи и меѓународни научни искуства, со цел да нема негативни влијанија, посебно на подземните води и на воздухот.

  • Рудникот „Саса“ со проект ќе го превенира ризикот од поплавен бран. Во таа смисла ќе се обезбеди ретензионен простор на таложното езеро согласно со проект, потоа ќе се изгради водоспроводник, односно канал за поплавни води од Петрова Река, објект проектиран со цел прифаќање на потенцијалното максимално дотекување на реката. Овој водоспроводник би ги евакуирал надојдените води низводно од планираното хидројаловиште, во реката Каменица, т.е. ќе го исклучи потенцијалното влијание на водите од Петрова Река врз нарушувањето на стабилноста на хидројаловиштето. Но, исто така, ќе се изгради обиколен тунел при максимално дотекување на Каменичка Река - истакнува Прохоров.

Посебни мерки ќе се преземат за заштита на воздухот, а во иднина се планира и поставување на локални станици за следење на квалитетот на амбиентниот воздух.

Прохоров најави дека со затворање на старото, односно јаловиштето број 3, ќе следува негова рекултивација, а редовниот мониторинг на амбиентниот воздух ќе се врши од страна на акредитирана лабораторија и извештаите ќе се доставуваат до Министерството за животна средина и просторно планирање.

Новото јаловиште, кое е во постапка за изградба, е четврто по ред од 50-годишното постоење на рудникот Саса. Во трите јаловишта досега се депонирани 19 милиони тони јаловина, а новото јаловиште кое ќе биде со зафатнина од околу 3.170 милиони метри кубни се планира да се користи наредните седум години. По добиените дозволи од сите надлежни органи, јаловиштето треба да започне да се употребува од 2018 година.

Во врска со Стратегијата за оцена на влијанието на животата средина во Македонска Каменица се одржа јавна расправа на која присуствуваа граѓани и експерти од областа на животната средина.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS