Институтот за јавно здравје на Република Македонија по повод Светскиот ден на водата 22 март, постави анкета за влијанието на безбедната вода за пиење врз здравјето.
Анкетата може да се пополни на официјалната интернет страница http://iph.mk/anketa .
Анкетата е со цел граѓаните да се информираат за тоа што е безбедна вода за пиење и кои се болестите поврзани со небезбедната вода.
Со анкетата институтот ја почнува годинaшната кампања по повод Светскиот ден на водата, како една од многуте превентивни дејности на ИЈЗРМ.