mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

ДОМ: Југохром не смее да биде жртва на политички игри

ДОМ: Југохром не смее да биде жртва на политички игри

Типографија

Демократската обнова на Македонија - ДОМ порачува дека Југохром е стратешки важен објект за Полошкиот регион и извор на егзистенција на илјадници семејства што не смее да биде жртва на политички игри.

Затоа прашуваат кој и зошто ги манипулира вработените во Југохром и граѓаните на Јегуновце и Тетово и дали комбинатот не е жртва на политички игри.

  • Жално е ако одговорот е позитивен. Во тој случај политиката е причина и за долгогодишното загадување на Тетово дозволено од владата, но и за сегашното оставање на вработените на улица, како багаж за идната влада, која и да биде - велат од ДОМ и додаваат дека е зачудувачки што владата не реагира на најавеното отпуштање на работници од комбинатот.

Коректно и реално решение, се додава, ќе беше и се уште е, владата финансиски да интервенира за што побрзо поставување филтри против загадување, како и за задржување на вработените на работа во меѓупериодот.

  • Ова беше предлог на ДОМ уште во 2013 година кога по прегледот на големите загадувачи утврди дека Југохром е најназад со еколошкото прилагодување, кое требаше да се исполни до 1 април 2014 година. Државата е должна да обезбеди здрава животна средина за своите граѓани, а притоа има право и обврска наменски да потроши буџетски средства, како што би било во овој случај - додаваат од ДОМ и велат дека кога Југохром не работи Тетово има за 40 отсто пониско загадување.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS