mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Нивото на Охридско Езеро под дозволениот минимум, намалени и водостоите на реките

Нивото на Охридско Езеро под дозволениот минимум, намалени и водостоите на реките

Типографија

Нивото на Охридското Еезеро е пет сантиметри под дозволениот минимум, а водостојот на реката Црн Дрим кај Ложани е намален за 55 сантиметри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според УХМР, со намалувањето на испустот на водата од Охридското Езеро кај Струга се очекува во наредниот период нивото на Езерото да стагнира па постепено да расте. 

Дозволениот минимум на Охридското Езеро е на котата 693,10 метри, а утрово беше 693,05 метри.

Водостоите на реката Вардар биле, 90 сантиметри кај Јегуновце, 44 кај Скопје, 75 кај Велес и 1,1 метар кај Демир Капија што, наведува УХМР, е подпросечна вредност за јануари. Иста е состојбата и на Треска, Пчиња, Крива Река, Брегалница, Струмица, Црна Река и Сатеска.   

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS