mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Еко Герила: без Југохром, Тетово е помалку загадено

Еко Герила: без Југохром, Тетово е помалку загадено

Типографија

Воздухот во Тетово без Југохром е помалку загаден во значителни количини, затоа барањето на менаџментот за повторно започнување на работата без да ги постави филтрите е неприфатливо и опасно, истакнаа денеска на прес-конференција од невладината организација „Еко Герила“ од Тетово.

Според нив, најновите податоци за загадувањето на воздухот од мерењата коишто се вршат постојано од Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека најголема разлика е воочена во Тетово, каде што загадувањето на годишно ниво од просечната вредност 140-150 ПМ10 честичките е намалена прв пат на 97, иако Југохром не работел само четири месеци. Намалување на загаденоста е воочено и во Кичево, каде РЕК Осломеј работел само 40 дена во текот на 2016 година.

  • Сакаме да испратиме порака и до Владата дека најважно е здравјето на нашите деца, на идните поколенија, здравјето на стотиците илјади жители на Тетово и околината. Бројот на малигните заболувања во Македонија во последно време достигнува огромен пораст. Ниту еден интерес не е поважен од здравјето на стотиците илјади жители кои се принудени секој ден да вдишуваат 30 тони прашина од Југохром во воздухот - истакна Аријанит Хоџа, претседател на „Еко Герила“.

Од „Еко Герила“ побараа „Југохром“ да не се отвора без целосно поставување на филтрите. Оттаму најавуваат дека на следните прес-конференции ќе се осврнат и на активностите на локалната власт, која според нив, била неуспешна во борбата против загадувањето и заштитата на животната средина. Како главни проблеми ги посочуваат и претоварната станица на влезот во градот, непостоењето на јавен превоз во општината и затоплувањето на домовите со дрва.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS