Најмногу снег во Македонија има во Лазарополе, 71 сантиметар, а најстудено е во Маврово, каде што утрово беа измерени минус осум степени.
Висината на снежната покривка во Маврово е 64 сантиметри, 41 сантиметар во Пожаране, 29 во Берово, 28 во Ѓуруште, 25 во Тетово, 22 во Крушево, 19 во Битола, 18 во Струмица, 15 во Петровец, 14 во Скопје, 12 во Крива Паланка и 11 во Тополчани.
УХМР најави дека до четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажна и релативно студена воздушна маса што ќе услови облачно време со врнежи од снег, а само на крајниот југоисток од дожд и снег. Во следните два дена врнежите ќе бидат пообилни, особено од утре попладне до четврток претпладне. Снежната покривка насекаде значително ќе се зголеми, на повеќе места за 20 до 30 сантиметри. Најмногу врнежи ќе има на југот од земјава каде на места се очекуваат и над 40 сантиметри нов снег. Во четврток околу пладне почнувајќи од запад врнежите постепено ќе престануваат.
Во Скопската котлина пообилни врнежи ќе има утре кон крајот на денот и во ноќта кон четврток, а снежната покривка се очекува да се зголеми за околу 20 сантиметри.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS