Европската банка за обнова и развој на својата интернет-страница објави дека проектот за хидроцентралата Бошков Мост е откажан.
Здружението Еко-свест, кое заедно со повеќе други организации и активисти водеа борба да се откаже овој проект, го поздравија чекорот на банката.
Еколозите и активистите што бараа да запре проектот за изградба на хидроцентралите Луково Поле и Бошков Мост истакнуваа дека со тоа ќе се поплават големи површини од Националниот парк Маврово, кој е најважното подрачје за опстанокот на Балканскиот рис, едно дод најзагрозените животни во светот. Се проценува дека од овој рис, кој е посебен подвид на карпатскиот рис, се преостанати уште триесетина единки. Тој е веќе класифициран за критчно загрозен од Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN), што е последна фаза пред изумирање.
Во изминативе години се спроведуваат засилени активности за проучување и за заштита на Балканскиот рис во повеќе држави од регионот, а најмногу во Македонија, каде што неколку единки веќе беа заловени и следени со околувратници со џи-пи-ес.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS