mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Металотехника Прилеп: Водородот е иднината за производство на обновлива енергија

Металотехника Прилеп: Водородот е иднината за производство на обновлива енергија

Типографија

Македонија треба да се развива со инвестирање во алтернативни извори на енергија, а енерегетската иднина на земјава е во искористувањето на обновливите извори на енергија добиени од ветар, сонце, биомаси и вода, сметаат од Металотехника Прилеп.

Според нив, енергијата добиена од вода, со раздвојување на водород и кислород, за што имаат сопствена технологија, може да се искористи во секојдневието и индустријата и да биде ефтин и неисцрпен ресурс што не ја загадува животната околина.

  • Водата е материја во која најмногу се крие топлина, само е прашање на начинот и цената за издвојување на таа топлина. Водата гори, но за да даде топлина претходно треба да ги одвоиме водородот од кислородот. Благодарение на нашите повеќегодишни истражувања, како и анализа на светските трендови за добивање енергија од обновливи извори, создадовме специјална технологија со која може да произведуваме евтина, сигурна и еколошка енергија, која при нејзино добивање ќе емитува 40 пати помалку штетни гасови од дозволените - вели Јандре Здравески, директор и еден од сопствениците на Металотехника Прилеп.

Тој нагласува дека резервите и ресурсите на вода во Македонија се огромни, и оти не треба да стравуваме дека овој ресурс ќе биде во недостиг во иднина.

  • Сакаме да изградиме мини термоцентрала до еден мегават јачина. За погон би користеле водород кој нема потреба од складирање или дистрибуција, бидејќи се произведува на лице место според потребите на капацитетот, односно обезбедува 100 отсто автономност. Прашање е дали државата е спремна овој вид на енергија, кој е познат во светот, да го вброи во обновливи видови на енергија - додава Здравески.

Потсетува дека Македонија има обврска до 2020 година 20 отсто од вкупното производсто на електрична енергија да ја добива од обновливи извори на енергија. 

  • Во земјава најзастапени се хидропотенцијалот, ветерната енергија, сончевата енергија и во сосем мали количини енергија добиена од био маса и био гас. Енергијата добиена од геотермални води, како и производство на енергија од водород е нешто што постои само во теоријата. А токму енергијата добиена од вода може да биде најефтината - смета Здравески.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS