mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Фатени дрвокрадци за украден еден камион дрва

Фатени дрвокрадци за украден еден камион дрва

Типографија

Референт за превоз и дотур во придружницата шумско стопанство „Бабуна“ од Велес е осомничен дека на три лица им овозможил легално да превезат бесправно исечени 7,5  кубни метри огревно дрво бука.

Против сите четворица Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје во декември минатата година во  оперативната акција „Гора“ поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека пријавените сториле седум кривични дела.

Според МВР, откако тројцата пријавени бесправно ги исекле буките, референтот со својот потпис и со печат на ЈП Македонски шуми-ПШС „Бабуна“ Велес, заверил испратница во која внел невистинити податоци иако знаел и бил свесен дека жигосал и овозможил утовар на дрва камион со велешки регистарски ознаки. Испратницата со невистинита содржина му ја дал на возачот, кој бил сопрен и контролиран од полициски службеници од единицата Алфа и Шумската полиција.

Според полициските информации, на овој начин буџетот на државата бил оштетен за околу 850 евра.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS