mksqen

Студот ги замрзнува водоводите, повеќе места без вода

Студот ги замрзнува водоводите, повеќе места без вода

Типографија

Поради студот и ниските температури има дефекти во водоводната мрежа и во потисните цевководи во Прилеп, а потрошувачката на вода е енормно зголемена. Исто така, и штипското комунално претпријатие „Исар“ поради ниските температури има проблеми со замрзнување на водоводните цевки и водомерите во домовите на граѓаните.

Поради студот и фактот што се пуштаат чешмите во домовите да не замрзнат енормно е зголемена потрошувачката на вода, а има апел до прилепчани да не се пуштаат чешмите, зашто може да се наруши водоснабдувањето.

  • Ако пред три-четири дена, Прилеп се снабдуваше со 240 литри вода во секунда, во овој момент порошувачката е над 440 литри вода во секунда, што и нас не изненади. Брзо интервениравме со дополнителни количества вода. За овие дополнителни количества вода во пресрет ни излезе ЈП „Студенчица“. Доколку ваквата временска состојба се задржи, апелираме до граѓаните повеќе да ги загреваат купатилата за да нема зголемена потрошувачка на вода и да се пуштаат да течат чешмите. Во спротивно тоа може да направи проблем во водоснабдувањето. Се надеваме да се остварат предвидувањата на метеоролозите дека студот ќе попушти за два-три дена - објаснува директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Сашо Николоски.

Студот предизвика проблеми и во водоводната мрежа во Штип. Директорот на ЈП „Исар“ од Штип, Ангел Бојаџиев апелира граѓаните да не ги вклучуваат чешмите и да ги оставаат во текот на ноќта. Забележана е потрошувачка на водата како во текот на летниот период.

  • Голем апел до сите граѓани на град Штип да не ги остваат чешмите преку ноќта вклучени, бидејќи влезот на вода и излезот се скоро исти како во летно време, да не се доведеме во ситуација градот да остане без вода. Апелирам до сите граѓани максимално да ја штедат водата и да најадат други начини да ги заштитат своите водомери и цевки, како што е поставување на разни материјали, како што е стиропор или крпи да ги заштита водомерите - вели Бојаџиев.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS