mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Куманово ќе се пошумува за да се справи со загадувањето

Куманово ќе се пошумува за да се справи со загадувањето

Типографија

Општинскиот кризен штаб го задолжи Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ да подготви студија за пошумување со садници на сите достапни површини во градот.

Според претставници од претпријатието, пошумувањето со садници ќе ги даде очекуваните ефекти во однос на загадувањето на Куманово. Од општинскиот штаб апелираат до граѓаните во овој период да користат што е можно помалку автомобили и да користат јавен превоз.

Јавното комунално претпријатие треба да формира општинска служба за чистење оџаци која на среден рок ќе влијае на намалувањето на загадувањето, бидејќи најголем процент од граѓаните користат огревно дрво за затоплување.

Општинскиот кризен штаб ќе ги поддржи сите насоки и препораки дадени од централната власт, но нагласија дека ниту општината, ниту општинскиот кризен штаб немаат надлежност за воведување мерки како што е пар-непар возење.

Секретарот на општина Куманово, Валентина Алексовска, рече дека констатирале неколку состојби. Општинскиот кризен штаб се оградува од такви, како што рече, попултистички мерки како што е прскање на улиците со калциум магнезиум ацетат. Рече дека таквите мерки даваат ефекти на краток рок и дека се скапи.

Алексовска нагласи дека само за изработка на студија за преземање таква мерка чини 2,2 милиони денари и дека прскањето на улиците со тоа средство има позитивни ефекти само два часа. Воедно, рече,  потребно е да се изврши и набавка на специјално возило.

  • Би сакала да ги запознам граѓаните дека мерниот инструмент е лоциран во кругот на општата болница Куманово, која е најголемиот потрошувач на мазут во Куманово, така што инспекциската служба ќе преземе мерки за да утврди дали е точно мерењето и дали е добра локацијата каде што се наоѓа мерната станица, токму поради греењето на болницата со мазут кој е наголем загадувач. Мерниот инструмент е поставен на таква локација во близина на фреквентна сообраќајница и до таков објект кој е најголем поторшувач на мазут - изјави Алексовска.

Таа нагласи дека во Куманово се гасифицирани општински институции и установи и дека неолку станбени единици користат гас за загревање. Потсети дека општината пред три години и понудила на болницата да се приклучи кон гасификацијата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS