mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Југохромци најавуваат нови протести и блокади

Југохромци најавуваат нови протести и блокади

Типографија

Синдикалната организација на Југохром Алзар Јегуновце и Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство - СИЕР најавуваат протести и блокирање на магистрални патишта доколку до крајот на месецов не биде решен статусот на вработените во Југохром.

Југохром со одлука на Државниот инспекторат за животна средина пред два месеца го прекина производството, а вработените во ноември и декември ги прати на принуден платен одмор. Забраната за производство важи до крајот на јануари идната година.

Како што истакнуваат синдикалците, во предвидениот рок е поднесена жалба на одлуката за која се уште немаат добиено никаков одговор од Државната комисија за одлучување во втор степен при Владата на Македонија  и покрај истечениот рок. Токму затоа денеска предадоа писмо-ургенција до Комисијата со кое се бара позитивно да одговори на жалбата и веднаш да ја укине донесената одлука од страна на Државниот инспекторат за исклучување на печките на „Југохром Алзар“.

  • Роковите по жалбата се изминати и Југохром нема добиено никаков одговор. Затоа денеска дојдовме и сакавме лично да поразговараме што е со жалбата, бидејќи за овој месец некако е решен статусот на вработените во Југохром, но доколку нема позитивна разрешница од 1 јануари ќе има нови 700 невработени - изјави Пецо Ристески, претседателот на СИЕР по предавањето на писмото.

Тој посочи дека иако биле претходно највени не нашле никој од раководството на Државната комисија за да им одговори на барањата и едниствено го предале писмотото до архивата.

  • Нам ни останува само да вршиме притисоци за позитивно решавање на барањето на Југохром - да продолжи  со работа, а истовремено да се гради постројката за отпрашување. Имајќи во предвид дека Југохром и кога не работи Тетово е еден од најзагадените градови во државата и оти некогаш е подобро да биде малку позагадено отколку да се нема леб, Комисијата треба да донесе позитивно решение и да се даде дозвола  Југохром да работи, а во најбрз рок менаџментот и сопственикот да си ја завршат обврската за целосно завршување на изградбата на системот за отпрашување - рече Ристески.

Најави дека ќе има протести и блокади на магистрални патишта клучни за циркулација на сообраќајот во Македонија доколку не се реши статусот на 700. вработени во Југохром.

Претседателот на Синдикалната организација на „Југохром Алзар“ Бајрам Амити рече дека не им останува никаква друга можност освен во наредните денови да преземат порадикални мерки со блокади и протести.

  • Не смееме да дозволиме 700 луѓе да останат на улица. Неделава разговаравме со менаџментот и генералниот директор, разговорите продолжуваат, а одлука што ќе се прави со вработените најверојатно ќе се донесе следната недела. За подетално решение, одлука треба да донесе и Инспекторатот или Второстепената комисија до каде го адресиравме писмото. Тие каснат со нивниот одговор, а додека не ни одговорат ќе вршиме притисок и на менаџерскиот тим и генералниот директор да бидеме непослушни и да стартуваме со работа без нивна дозвола - нагласи Амити.

Тој посочи дека и негативен одговор на жалбата е одговор и апелираше невладините организации да не го манипулираат народот и да го обвинуваат Југохром за загаденоста на Тетово.

  • - Со нивните манипулации успеаа само на вработените од Југохром да им го одземат лебот и да ги изманипулираат граѓаните на Тетово кои и денеска дишат загаден воздух, а има и денови кога загаденоста е 12 пати повисока од дозволената и покрај неработењето на Југохром - рече Амити.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS