Екипи на Центарот за јавно здравје од Битола на подрачјето на општина Демир Хисар ќе ја реализираат втората фаза од превентивната систематска дератизација за уништување глодари.
Со дератизацијата ќе бидат опфатени канализацискиот систем во општината, прифатниот канализациски систем на објектите од посебен интерес, како што се детските градинки, воспитно-образовните институции, здравствените установи и други објекти од јавен интерес во општина Демир Хисар.
- Активностите ќе се изведуваат во канализациските шахти поставени на коловозите, тротоарите и шахти во околината на објектите опфатени со акцијата за дератизација, која финансиски и програмски е поддржана од Советот на општина Демир Хисар - потврдуваат од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.
Втора фаза од превентивната дератизација во Демир Хисар
Типографија
- Font Size
- Default
- Режим читање