mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Искачување на Воден камен на планината Жеден

Искачување на Воден камен на планината Жеден

Типографија

Утре, планинарското друштво „Трансверзалец“ ќе го има третото искачување, а овој пат предизвикот е врвот Воден камен на планината Жеден, кој е висок 1.259 метри надморска височина.

Тргнувањето на турата е од Пошта 2 на Железничка станица во седум часот. Цената за турата е 300 денари.

- Правиме „трансферзална“ тура во должина од 16 километри преку целата планина Жеден почнувајќи од селото Радуша на северното подножје, а завршувајќи во селото Рашче на источното подножје. Времетраењето на целата тура изнесува 7 часа од кои најмалку 3,5 часа за искачување. На слегување ќе имаме можност да ја видиме и посетиме пештерата Дона Дука. Доколку не послужат временските услови ќе имаме можност да уживаме во извонредно прекрасната глетка на цела Шар Планина, целиот масив на Мокра односно Караџица, Јакупица, Голешница, Китка, цела Скопска Црна Гора кањонот Матка, Дервенска Клисура. Како што кажува самото име на планината - Жеден, потребно е да носите околу два литри вода во шише - велат од „Трансверзалец“. 

Искачувањето на Воден камен е едно од планираните 12 кои ќе ги реализира планинарското друштво.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS