Бруто-домашното производство на електрична енергија во септември годинава учествува со 74,8 отсто во вкупно потрошената струја во државата, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во септември се потрошени 541.800 мегават часови електрична енергија, 18.265 милиони нормални кубни метри природен гас, 385.272 тони јаглен и 112.029 тони нафтени продукти.
Според ДЗС, 96,8 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.