mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

АХВ ги засили мерките по информациите за птичји грип во регионот

АХВ ги засили мерките по информациите за птичји грип во регионот

Типографија

По добиените информации за присуство на „птичји грип“ во неколку европски земји и држави од регионот, Агенцијата за храна и ветеринарство го подигна нивото на внимателност.

Како што соопштуваат од таму испратен е допис до ветеринарните друштва за пријавување евентуална зголемена смртност кај живината во одглеувалиштата или за угинати птици преселници. Преземени се и активности за навремено информирање на одгледувачите на живина за мерките кои треба да ги преземат во одгледувалиштата со цел намалување на ризикот од појава или пренесување на оваа болест во јатата, како и за нејзино полесно препознавање и начинот на кој таа може да се прошири.

Според АХВ, со оглед на тоа дека станува збор за болест која има специфичен начин на ширење, најчесто преку птиците-преселници кои се сметаат за нејзин резервоар, на одгледувачите на живина и ветеринарните друштва им се дадени насоки кои биосигурносни мерки треба да се преземат на фармите и какви мерки за заштита треба да преземат категориите на лица кои се изложени на ризик, зашто од болеста заболуваат птиците, но и луѓето.

  • Птичјиот грип задолжително се пријавува и затоа апелираме во најкраток можен рок, до надлежното ветеринарно друштво или официјален ветеринар на Агенцијата да се пријави секоја зголемена смртност на живината на одгледувалиштата - наведуваат од АХВ.

Моментно, болеста е присутна во Германија, Данска, Холандија, Унгарија, Австрија, Хрватска и други земји.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS