mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Во Гевгелија ќе се отстрануваат олуците поврзани со фекална канализација

Во Гевгелија ќе се отстрануваат олуците поврзани со фекална канализација

Типографија

Инспекциските служби на општина Гевгелија почнаа акција за откривање и отстранување на непрописно поставените олуци за собирање на атмосферска вода од објектите на физички и правни лица кои спротивно од законот се приклучени во системот на фекалната канализациска мрежа. 

  • Со Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани води, строго е забрането испуштањето на атмосферската вода во канализацискиот систем за отпадна вода од домаќинствата и индустриска отпадна вода, затоа што во случај на пороен дожд несоодветниот дотур на атмосферската вода предизвикува сериозни проблеми со излевањето на отпадната вода од канализацискиот систем - велат инспекторите и нагласуваат дека приклучување на олуци со атмосферска вода е дозволено само на улиците во градот каде што постои атмосферска канализација.

Инспекторите истовремено упатуваат апел до сите физички и правни лица на време да ги отстранат неправилно приклучените олуци во фекалната канализација затоа што во спротивно, по нивното откривање, ќе се преземаат законски пропишани санкции против прекршителите, кои предвидуваат и парична казна од 300 евра во денарска противвредност.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS