mksqen

Нов парк во струмичкото село Куклиш

Нов парк во струмичкото село Куклиш

Типографија

Заврши уредувањето на новиот парк во населеното место Куклиш. Жителите добија катче, комплетно уредено со урбана опрема, детски реквизити, осветлување и соодветно хортикултурно уредување, информираат од општина Струмица.

  • Со изведбата на паркот во Куклиш заврши и уредувањето на последниот од предвидените пет паркови чија изведба започна во мај годинава. Покрај Куклиш, нови паркови, површини се уредени во населените места Просениково, Свидовица, Костурино и Муртино. Целата инвестиција на овие паркови е од околу три милиони денари - стои во писменото соопштение од општината.

Оттаму посочија дека локалните власти ќе продолжат со подобрувањето на условите за живот на граѓаните во населените места.

Истовремено, општината апелира до граѓаните од петте населени места да ги чуваат и одржуваат парковите, затоа што тие остануваат во нивна сопственост и за нивни потреби.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија