Најмногу дожд вчера наврна во западните делови на Македонија.
Според мерењата на УХМР, во Маврово наврнале 81 литар на метар квадратен, Пожаране 61, Лазарополе 59, Тетово 54 и Дебар 48.
Во Скопје се наврнати 40 литри на метар квадратен, Куманово 38, Берово 32, Битола 28, Крива Паланка и Крушево 26, Охрид 23, Струмица 21, Тополчани 18, Дојран 16, Гевгелија и Претор 12, Штип, Виница, Прилеп и Ѓуриште 11 и Демир Капија 9.
Променливо облачно време со повремени локални врнежи врнежливо ќе се задржи и во наредните денови, а температурата ќе биде во опаѓање.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS