Четириесеттина училишта со Зелено знаме од 21 општина ќе учествуваат во проектот Еко пакет Македонија наменет за развивање на свеста и значењето на одговорното однесување кај децата, учениците, всопитувачите, наставниците и родителите.
Како што информираат од ОХО-Асоцијацијата за едукација, консалтинг и комуникација Еко пакет е наменет за развивање на свеста и значењето на одговорното однесување преку собирање, селектирање, одвојување и отстранување на картонот од употребената Тетрапак амбалажа од млекото, јогуртот и соковите.
Училиштата во текот на учебната година реализраат различни едукативни работилници за селекција и реупотреба на отпад, селектираат употребена тетра пак амалажа и изработуваат уметнички дела со кои се натпреваруваат на национален конкурс на крајот од учебната година.
Еко пакет се реализира десет години во мрежата на еко училишта во Словенија, Хрватска и во Србија. Од учебната 2014/2015 година за првпат проектот почна да се реализира во Македонија.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS