mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Изградба на фекална и атмосферска канализација во Македонска Каменица

Изградба на фекална и атмосферска канализација во Македонска Каменица

Типографија

Општина Македонска Каменица ќе гради фекална канализација во должина од 1.400 метри во маалскиот дел на Стара Каменица.

Градежните работи се очекува да почнат деновиве, а покрај фекалната канализација се предвидува и изградба на колектор, како дел од големиот проект со кој општина Македонска Каменица ќе гради и атмосферска канализација во централното градско подрачје.

Градоначалникот Дарко Митевски вели дека општината ќе инвестира 16.711.423 денари, а работите треба да завршат до јули идната година.

  • Со изградбата на фекалната канализација и за овие маала од Стара Каменица ќе се создадат предуслови и за изградба на прочистителна станица, со што трајно го решаваме проблемот со отпаднитево Македонска Каменица и заштитата на реката - вели Митевски.

Тој додава дека со решавањето на проблемот со атмосферската канализација и со издвојувањето на фекалната и атмосферската канализација се решава и хроничниот проблем со поплавите што се јавувал по секои пообилни врнежи.

  • Активно течат работите и околу изградбата на атмосферска канализација. Целата атмосферска канализација од централното подрачје ќе биде канализирана со сливници кои ќе ја носат водата до Каменичка Река. Ќе се опфатат повеќе краци од централниот дел на Макрдонска Каменица, од улица Каменичка преку 8 Септември, Осоговска, Гоце Делчев, Александар Македонски и по улица Руенска водата ќе се носи во коритото на река Каменичка, со вкупна должина од над 1.200 метри - истакнува Митевски.

Општина Македонска Каменица е прва општина во регионот која комплетно ќе го реши проблемот со атмосферските води.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS