mksqen

Поправка на левиот магистрален канал од хидросистемот „Брегалница“

Поправка на левиот магистрален канал од хидросистемот „Брегалница“

Типографија

Наскоро треба да почне рехабилитација  на левиот магистрален канал од хидросистемот „Брегалница“, за што Акционерското друштво Водостопанство на Македонија инвестираше 500 илјади денари  за изработка  на  проектот за рехабилитација.

  • Со изработката на самиот проект добивме соодветен технички документ со кој ќе ги подобриме условите за функцинирање на каналот, како и намалување на загубите на вода и задоволување на потребите на крајните корисници. Ова е планирана реконструкција на каналот и неговите оштетувања на делницата од село Зрновци до село Бурилчево во должина од 20 километри - вели Николчо Гоцев, директор на Водостопанство „Брегалница“ од Кочани.

Овој проект, истакнува Гоцев, е финансиран од ИПАРД програмата, преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руалниот развој. Тој очекува наскоро да почне и рехабилитација на овој дел од системот.

Според него левиот магистрален канал, делницата до Зрновци функцинирал и оваа наводнителна сезона, благодарение на ангажираноста на Водостопанство Кочани и општина Зрновци, со навременото чистење на каналите од наноси од земја и дрва.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија