Подружницата на шумското стопанство Кожуф од Гевгелија оваа грејна сезона не само што ќе го реализира целосно туку и ќе го натфрли за десет отсто годишниот план за снабдување на населението со огревно дрво.
Ова го потврдува директорот на Поружницата Јован Јованов.
- Од планираните 22.250 кубни метри до сега пласиравме 21.500 кубици огревно дрво што значи дека до крајот на месецот годишниот план ќе биде целосно остварен.Спрема клиентите кои дрвата ги плаќаа на рати испорачан е најголемиот дел, а имаме за достава само уште 150 кубици кои ќе им бидат однесени на домашна адреса најдоцна за една недела - вели Јованов.
Тој посочува дека годинава ќе нема проблем за снабдување со огревно дрво затоа што покрај секојдневниот дотур, на плацот во Миравци е складирана резерва од 1.100 кубни метри.
Јованов нагласува дека на плацевите во Гевгелија, Миравци и Богданци сезонава се продадени 12.500 кубни метри огревно дрво од кои околу 80 отсто на плацот во Гевгелија каде што дневно се продаваат од 60 до 70 кубици.