mksqen

Нова водоводната мрежа во штипската населба Пребег

Нова водоводната мрежа во штипската населба Пребег

Типографија

Штипското комунално претпријатие „Исар“ заврши со реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата Вељко Влаховиќ во штипската населба Пребег.

Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев посочува дека реконструкцијата на застарената водоводна мрежа на оваа улица е од големо значење, бидејќи на овој дел од градот ќе се шири и новата индустриска зона, а и граѓаните од станбните згради, фирмите и угостителските објекти ќе имаат квалитетно водоснабдување.

  • На оваа улица месечно имавме по три до четири дефекти, бидејќи цевките беа застарени, поставени во минатото и не беа функционални. За многу кратко време, за 12 дена успеавме да замениме 500 метри водоводна линија, во вредност од 30.000 евра. Оваа инвестиција е на ЈП „Исар“ - вели Бојаџиев.

Раководителот на работна единица Водовод и канализација во ЈП „Исар“, Бранко Горгиев појасни дека со реконструкцијата е направен и прекоп со цел новите индустрсики објекти кои се градат од десната страна на улицата полесно да бидат приклучени на водоводната мрежа.

  • За следната година во населбата Пребег во програмата на ЈП „Исар“ предвидена е реконструкција на улиците Славонска Пожега и Скоевска - вели Горгиев.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија