mksqen

Волонтери трасирале планинска трансверзала од 25 километри

Волонтери трасирале планинска трансверзала од 25 километри

Типографија

Волонтери на еколошката група Грин Пауер и на планинарското друштво Папрадиште за прв пат трасираа нова планинарска трансверзала од Папрадиште во општина Чашка до Горна Белица во Македонски Брод.

Вкупната должина на патеката е 25 километри во еден правец, а времето на движење во група од шестмина е од 9 до 9,5 часа, на висинска разлика 1.100 метри. Почетната точка во селото Папрадиште е на 1.000 метри надморска височина, највисоката точка под врвот Даутица е на 2.100 метри, додека најниската висинска точка е Горна Белица на 600 метри надморска височина.

  • Ова е историски момент за нас од Грин Пауер и Папрадиште и наша прва трасирана трансверзала во чие мапирање учествуваа шест доброволци  и тоа Новко Ѓорѓиевски, Емил Смилев, Дејан Николовски, Игор Жантевски, Гоце Церски и Игор Смилев - велат од Грин Пауер.

Исто така, на патеката се отстранети сите пречки и нејаснотии до Горна Белица.

  • По поминати околу 53 километри за 20 часа одење сега следна што планираме е конечно трасирање на нашата втора трансверзала од Планинарскиот дом Папрадиште до планинарскиот дом Стровија во општина Долнени, Прилеп - додаваат од Грин Пауер.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија