mksqen
26
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Ќе почне изградба на пречистителна станица во Струмица

Ќе почне изградба на пречистителна станица во Струмица

Типографија

Во Струмица ќе почне изградба на  пречистителна станица за отпадни води, која  треба да биде готова до октомври 2017 година.

Од општина Струмица велат дека изградбата на станицата е приоритетна цел на општината, а во англомерацијата влегува градот Струмица, населените места Баница, Добрејци, Сачево, Градско Балдовци, Дабиле, Муртино, Просениково и индстриските зони, Север, Сачево и зоната околу Агрокор.

  • Изградбата на Пречистителната станица, која е во целост усогласена со домашното и законодавството на ЕУ е приоритет што ќе доведе до подобрување на состојбите на медиумите на животната средина. Со третаманот на отпадните води ќе се постигне исполнување на барањата поврзани со пристапување на земјата кон ЕУ и почитување на европските препораки и директиви -  вели градоначалникот Зоран Заев.

Со оваа цел, Општина Струмица пристапила кон подготовка на проект за изградба на пречистителна станица, кој е финансиран преку ИПА- инструментот за претпристапната помош, компонента 3 - регионален развој во соработка со секторот за ЕУ при Министерството за животна средина и просторно планирање и секторот за централнофинансирани договарања преку Министерството за финансии на Македонија.

  • Буџетот изнесува 6.581.787 евра што се постигна со тендерирање кое го спроведе Европската унија со претставници на општина Струмица. Од обезбедени 9.800.000 евра ја добивме оваа понуда. Објектот ќе се гради на површина од 55 илјади квадратни метри, а проектиран е да опслужува 55.419 жители. Во фаза на подговотката на техничката документација Општината соработуваше со меѓунараодната консултантска компанија „МИРАЗ“ - додава Заев.

Објектот ќе го гради германската компанија „ВеТеЕ“ во конзорциум со домашната компанија „Вардар градба ДОО“, а за надзор е задолжен меѓународниот конзорциум „Рутекс гарнец“.

Општината од сопствени средства учествувала со кофинансирање на експропријација, изведна водоводна линија, со финансирање ревизија на основниот проект и колекторскиот систем.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија