До понеделник времето ќе биде релативно топло, утре со мала до умерена облачност.
Од следната недела променливо со локални и слаби врнежи дожд, особено во западните делови.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, од понеделник воздушното струење ќе се промени во северно од каде ќе почне да се спушта постуден воздух, особено во вторник и среда, кога ќе дува засилен ветер од северен правец, што ќе предизвика нагло опаѓање на дневната температура.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS