Општината Пехчево објави оглас за продажба на 27 плацеви за изградба на објекти. Од нив 26 се на туристичкиот локалитет Равна Река за изградба на викенд куќи и еден хотел, а еден плац е за изградба на куќа во градот Пехчево.
Јавното наддавање е најавено за 7 ноември, а право на учество имаат сите физички и правни лица.
Почетната цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели изнесува 148 денари од квадратен метар. Досега на овој туристички локалитет, општината Пехчево има продадено дваесетина плацеви на два огласи од општината.
Според локалните власти, интересот за изградба на викенд куќи во оваа туристичка населба е голем, посебно сега откако населбата е електрифицирана. Инаку, според деталниот урбанистички план на Равна Река, во населбата се предвидени околу 350 градежни парцели за индивидуални викенд куќи, хотели и ресторани.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS