mksqen

Голем помор на риби кај Србобран, Србија

Типографија

Големи количества угинати риби и ракови пловат по Големиот бачки канал кај Србобран, а бранот загадена вода веќе стигнал неколку километри низводно, се до местото Турија, соопштил претставникот на Еколошкото движење од Србобран, Драган Курјачки.

Тој рекол дека преживеаните ракови масовно бегале од водата, а рибите што останале живи тешко дишеле.

Причината за оваа еколошка катастрофа не е позната, а според мислењето на Курјачки, веројатно се работи за испуштање отпадна вода во Големиот бачки канал од некој индустриски капацитет. И порано имало такви случаи во каналот.

  • Некој испуштил нешто во каналот и тоа ги дави и рибите и раковите. Ова често се случува и потоа се забошотува. ЕУ ни дава пари за пречистување, наместо да ни направи еден убав, добар затвор и тие луѓе што го прават ова да ги затвориме за долго време, бидејќи ништо друго не може да се стори - изјавил Курјачки.

Рибочуварската служба веќе била во каналот и го обиколувала брегот со чамци за да ги предупредува рибарите да не ја фаќаат рибата и да не ја дистрибуираат на пазарот. Курјачки апелирал до властите да не ја префрлаат одговорноста меѓу себе, а на граѓаните да не купуваат од рибата, за да не се соочат со здравствени проблеми.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан