mksqen

Силно невреме со град ја погоди Словенија

Силно невреме со град ја погоди Словенија

Типографија

Големо невреме проследено со град ги зафати синоќа северните и североисточните делови на Словенија, а во текот на ноќта, според метеоролошките прогнози, ќе се прошири и низ поголемиот дел од земјата.

Словенечката Државна управа за заштита и спасување јави за поплави, одрони на земјиште и оштетени локални патишта на подрачјето на Словењградец и Шентиљ, додека во Марибор покрај поројниот дожд паѓал и град.

Метеоролозите најавуваат дека во текот на ноќта Словенија повторно ќе биде зафатена од локална бура со поројни дождови, силни ветрови, а во некои места и град.

Невремето веројатно ќе ги зафати и останатите делови од земјата во правец на југоисток.

Иако засега невремето се уште не се проширило кон Хрватска, анимацијата на радарските слики и врнежите на хрватскиот Хидрометеоролошки завод покажува дека бурата во вечерните часови се приближила и кон западните и северозападните делови од внатрешноста на Хрватска. Метеоаларм објави жолто предупредување поради можна бура во Меѓумурје.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан