mksqen

Банско ќе се шири без еколошка дозвола, еколозите реагираат

Банско ќе се шири без еколошка дозвола, еколозите реагираат

Типографија

Регионалната инспекција од Благоевград, Бугарија, дозволила да продолжи градежната експанзија во популарниот туристички центар Банско и во уште осум села, без еколошка студија. Станува зборт за изградба на дополнителни 40.000 легла во нови квартови, од кои некои се граничат со Националниот парк Пирин.

Поради ова коалицијата „Да остане природа во Бугарија“ најави жалба до Министерството за животна средина и води, бидејќи, според нив, на овој начин се прекршува законот. Еколозите подготвуваат и протест против нарушувањето на заштитената природа во Бугарија.

Според членовите на коалицијата, во Банско веќе има големи проблеми бидејќи бројот на луѓе во екот на туристичката сезона може да достигне и до 60.000, а пречистителната станица има капацитет за 30.000 жители. Но наместо да се решавал овој проблем, регионалната инспекција за животна средина во Благоевград одобрила да се градат нови капацитети на уште 2.600 декари земјиште покрај Банско. Во образложението се вели дека новата градба нема да влијае негативно врз животната средина.

Во изминативе 15 години Банско се зголеми од град со 9.000 луѓе до туристички комплекс со околу 20.000 легла.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан