mksqen

Доброволци во акција за Солун да стане подобар град

Доброволци во акција за Солун да стане подобар град

Типографија

Група активисти во Солун се обидува да ги мотивира граѓаните да ги земат социјалните и еколошките проблеми во свои раце.

Според истражувањето на Аристотеловиот универзитет од Солун, градот имал само 2,14 квадратни метри јавни зелени површини по жител, што е многу помалку од минималните препораки на Светската здравствена организација, од 9 квадратни метри. Групата, наречена Екотес, ја основал Орестис Трасанидис, 26-годишен дипломиран градежен инженер, а идејата ја добил додека ја пишувал својата дисертација за одржлив урбан развој.

  • Веруваме дека граѓаните се клучни за да се решат проблемите на денешницата. Луѓето треба да разберат дека најдиректните и најефикасните решенија на градските проблеми се резултат на граѓански иницијативи. Треба да го поттикнеме моделот на решавање на проблемите оддолу нагоре - вели Трасанидис.

Според него, за да се постигне ова граѓаните треба да имаат пристап до информации и да одржуваат врски со локалните власти, за да можат активно да помогнат за да се подобри квалитетот на животот и на животната средина во градот.

Еден од позначајните проекти на Екотес било основањето на „паметен парк“ спроти локалното седиште на државната грчка телевизија ЕРТ3.

  • Целта ни е да направиме парк со користење материјали што не се штетни за животната средина, и нови технологии - истакнува Трасанидис.

На проектот работеле околу 40 луѓе, главно млади инженери. Клупите во паркот се опремени со полначи за мобилни телефони на соларна енергија. И осветлувањето е направено да работи на енергијата од сонцето. Држачите за велосипеди се направени од дрвени палети. Членовите на Екотес се надеваат дека тоа ќе стане модел за уредување на парковите не само во Солун, туку и во другите градови на земјата. За жал, кратко по отварањето нивниот парк бил демолиран од вандали. Но добрата вест е дека групата ја контактирале повеќе други општини, кои побарале од неа да трансформира некој јавен простор.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан