mksqen

Лизгање на земјиштето во Србија: заробени околу 30 луѓе, нема повредени

Лизгање на земјиштето во Србија: заробени околу 30 луѓе, нема повредени

Типографија

Поради лизгање на земјиште во Србија 10 автомобили се зарабени, но никој не е повреден и во тек е евакуација на патниците.

  • Имаше лизгање на земјиште на пат во местото Перучац во близина на Бајина Башта, и притоа се заробени 10 автомобили. Луѓето не можат безбедно да излезат ако не им се помогне - изјави шефот на Секторот за вонредни ситуации во МВР на Србија, Предраг Мариќ.

Претседателот на општината Бајина Башта, Радомир Филиповиќ вели дека околу 30 луѓе меѓу кои има и деца се заробени меѓу две места каде има лизгање на земјиште на патот Перучац-Ратиште. До лизгање на земјиште дошло по поројни дождови во текот на денешниот и изминатите денови.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан