mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Три четвртини од жителите на Романија би настрадале ако има земјотрес

Три четвртини од жителите на Романија би настрадале ако има земјотрес

Типографија

Тројца од четворица жители на Романија ќе настрадаат во случај на силен земјотрес, објавија денеска романските весници, повикувајќи се на документите на Главниот инспекторат за вонредни состојби.


Имено, 75 проценти од Романците би биле засегнати во случај на силен земјотрес, а опремата за спасувачките мисии е недоволна, дури во одредени места и целосно недостасува, пишува весникит „Гандул“.

Овие податоци се вклучени во нацрт-проектот за развивање на инспекторатот во периодот од 2016 до 2025 година, кој е објавен на сајтот на романското Министерство за внатрешни работи и е во процес на општествено разгледување.

Во документите е наведен земјотресот на 4 март 1977 година, при кој загинаа 1.570 лица, 11.300 беа повредени, а 32.900 згради беа урнати или претрпеа огромни штети.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан