Еден 48-годишен пожарникар го загуби животот гаснејќи пожар северно од Атина. Пожарникарот колабирал при гаснење на шумскиот пожар во областа Виотиа. Утре ќе се изврши обдукција за да се утврди точната причина за неговата смрт.
Грчкиот министер за внатрешни работи Панајотис Курублис и министерот за цивилна заштита Никос Тоскас изразија сочувство за загубата на пожарникарот.
Силните ветришта вчера разгореа неколку пожари во разни делови на Грција. Грчката противпожарна служба денеска соопшти дека повеќето пожари во моментов се под контрола, но сепак е голема опасноста од нивно повторно разгорување.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS