mksqen

Тони риби умираат поради чистење хидроцентрала

Тони риби умираат поради чистење хидроцентрала

Типографија

Редовното годишно реновирање на хидроелектричната централа Перучица во Црна Гора предизвикало помор на десет тони риба, а само четири тони биле спасени, соопштиле локалните риболовци.

Минатата година биле спасени 6,6 тони риба, што значи дека годинава смртноста била поголема. Координаторот на проектот, Вујица Лалиќ вели дека е можно врз разликата на бројките да влијаеле и лошите временски услови.

Според црногорската електростопанска компанија, ЕПЦГ, чистењето почнало на 7 август и се очекува да трае до 8 септември. Од компанијата тврдат дека бројките што ги истакнуваат риболовците се нереални и дека нивниот проект за чистење бил подготвен од експерти од државниот универзитет.
Системот Перучица е направен на реката Горна Зета во Никшиќко поле, и има инсталиран капацитет од 307 мегавати.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан