mksqen

На Триглав падна снег

На Триглав падна снег

Типографија

Студеното време што денеска зафати делови од Балканот, во Словенија донесе снег. Снегот падна на Кредарица под врвот Триглав, на висина од 2.515 метри. Во останатите делови на Словенија врне дожд и е постудено во однос на претходните денови.

Според информациите на словенечките медиуми, снежната покривка на Кредарица достигнала речиси седум сантиметри, а се претпоставува дека на самиот врв е и повисока. Триглав, на Јулиските Алпи, е највисокиот планински врв во Словенија со висина од 2.864 метри.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан