Голем пожар избувна на грчкиот остров Хиос, кој се наоѓа на источниот крај на Егејско Море, веднаш до брегот на Турција. Како што известува „Грик репортер“, пожарот ја уништува шумата на островот, а жителите од повеќе села се евакуирале.
Во борбата со огнот учествуваат 12 противпожарни возила и 15 општински камиони, 32 пожарникари од локалната станица и неколку десетини волонтери, а биле ангажирани и авиони и хеликоптери. Огнот се разгорил по 3 часот ноќта во реонот Веса во јужниот дел од островот, и бргу се проширил со силниот ветер, што го отежнува и гасењето, особено интервенциите со авиони и со хеликоптери.
Локалните жители изјавиле дека досега е уништена скапоцена борова шума, која била единствената од овој вид на целиот остров. Огнот им се приближувал и на селата Лити, Места и Елата, чии жители биле евакуирани како мерка на претпазливост. Досега изгореле и две куќи. Регионалните власти прогласиле вонредна состојба.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS