mksqen

Иницијатива: Србија да се вклучи во дебатата за нуклеарна енергија во Унгарија

Иницијатива: Србија да се вклучи во дебатата за нуклеарна енергија во Унгарија

Типографија

Партијата „Зелени Србија“ ја повикува српската влада активно да се вклучи во дебатата во врска со изградбата на два нови блока во нуклеарната централа Пакс 2 во Унгарија.

Како што известува партијата, унгарската влада објавила меѓународно поглавје за процена на влијанието од проектот и повикала триесет држави да се вклучат. Претседателот на „Зелени Србија“ Иван Кариќ, кој е и пратеник во српското Собрание, на седница им поставил прашања на премиерот Александар Вучиќ и на министерката за земјоделство и за заштита на животната средина Снежана Богосављевиќ Бошковиќ дали Владата на Србија учествувала во изработката на студијата за влијание врз животната средина за овој проект, и каква позиција ќе заземе српската држава во однос на ова прашање. Пратеникот Кариќ исто така прашува какви еколошки и безбедносни ризици ќе донесе новиот проект во централата Пакс 2, дали на јавноста ќе и` се претстави студија а влијанијата, и кој ќе ги покрие трошоците за дополнителниот ризик.

Оваа партија ја повикува државата активно да се вклучи во расправата, особено затоа што за ладење на реакторите се користи вода од реката Дунав, што, како што велат, има големи последици врз речниот биодиверзитет. „Зелени Србија“ инаку се залага за напуштање на нуклеарната енергија и за ширење на одржливите извори.

Инаку, двата нови реактори треба да бидат готови до 2025 година, според договорот што Унгарија го потпиша со Русија. Тие ќе чинат 12,5 милијарди евра, од кои 10 милијарди се руски кредит.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан