mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Со голи раце во заштита на подунавските мочуришта

Атракција: словенечките „змејчиња“ се изведуваат од јајцата

Типографија

Шеснаесет млади луѓе од Србија, Холандија, Италија, Шпанија и од Јужна Кореја во наредниве две недели ќе ги отстрануваат инвазивните видови билки во Ковилско-петроварадинското мочуриште покрај Дунав, кое се протега од Нови Сад се` до општината Инџија.

Станува збор за меѓународен летен камп „Да го сочуваме мочуриштето“, а волонтерите и волонтерките што учествуваат во него ќе бидат ангажирани и за обележување на пешачките патеки во локалитетот Стар Дунав, како и на поставување информативни табли и отстранување на инвазивните видови од локалитетот Курјачка греда.

Учесниците ги очекува и едукативна програма со експерти од областите на биологијата, екологијата и шумарството, со што ќе ги прошират своите знаења за Ковилско-петроварадинското мочуриште и за живиот свет во него, билките, птиците и рибите, за органското производство и за преживувањето во природа.

Кампот го организираат две здруженија со поддршка на Министерството за млади и спорт на Србија, а ќе трае до 7 август.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан